петок, 26 февруари, 2021

Еве што кажа Оливер Спасовски на итната прес конференција

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во 15 часот одржа итна прес-конференција.

Како и што се очекуваше, истата беше поврзана со бегањето на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, кој не е достапен за институциите во државата.

Во изминатите 24 часа на социјалните мрежи имаше низа на различни ставови и мислења во врска со исчезнувањето на Мијалков. Некои бараа оставки, додека други му дадоа поддршка на Спасовски. Еве што кажа министерот на денешната прес-конференција.

-МВР продолжува со потрагата по Сашо Мијалков. Во тек се разговори со лица кои поседуваат информации или се поврзани со овој случај.

Во текот на вчерашниот ден извршени се разговори со 10 лица, меѓу кои и членови на фамилијата и обезбедувањето.

Одземени се телефони, документација и други предмети кои можат да послужат во врска со овој случај.

Проверени се и камерите и се собираат детални информации. Распишана е централна и меѓународна потерница.

Пред се најкатегорично да ги отрфлам сите шпекулации за било каков договор. МВР работи максимално одговорно и го бараме бегалецот.

Спасовски најави дека МВР, но и сите други институции имаат обврска да дадат одговори на сите прашања за овој случај. Спасовски најави дека одговорност мора да има. Граѓаните бараат правда и правда мора да има.

Министерот хронолошки прикажа што се случувало. Погледнете ги фотографиите во продолжение:

,

,

Коментари

коментари

error: Content is protected !!