петок, 26 февруари, 2021

ЕКСКЛУЗИВНА дојава: Познато е зошто се предаде Сашо Мијалков

Пред да одлучи да се предаде, поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков добил дојава дека членови на неговото обезбедување, но и семејство, ќе се соочат со одговорност за помагање во неговото бегство, неофицијално дознава Фокус.

Покрај тоа, добро упатени извори велат дека Мијалков дознал оти сметките на членови на неговото семејство и нивни компании ќе бидат блокирани, движниот имот ќе биде запечатен, а недвижниот имот пломбиран, што го натерало да се појави во обвинителството и да го подигне решението со кое му се определува куќен притвор.

Неофицијално, Мијалков ја примил дојавата дека за него обвинителството викендов бара затворски притвор од иста адреса, од каде денес во обратна насока била пренесена порака до него за настаните што следуваат, па само саат време подоцна тој одлучи да се предаде.

Инаку, информациите говорат дека тој цело време бил во Скопје и бил сместен во стан, каде најверојатно го однел член на неговото обезбедување со возило кое вчера беше донесено во полициска станица и врз кое се вршеа проверки.

Како што веќе објавивме, обвинителката Вилма Русковска добила информација дека Мијалков се подготвува за бегство кон Србија преку Куманово од лице кое моментално одлежување затворска казна.

Сепак, при пристигнувањето во обвинителството, Мијалков изјави дека не бегал, туку дека го немало 24 часа откако заминал во изолација поради висока температура и страв дека е заразен со корона вирусот.

Претходно, премиерот Зоран Заев на средба со првите луѓе на полицијата, кривичниот суд и јавното обвинителство побарал сите страни да преземат максимални и ефикасни мерки за лоцирање и обезбедување на Мијалков до четврток, или во спротивно ќе се соочат со одговорност.

Извор: ФОКУС.мк

Коментари

коментари

error: Content is protected !!