недела, 28 февруари, 2021

Сашо Мијалков: „Бегство не е моја опција“, тврдеше пред кривичниот суд пред една година – Денес е на листата бегалци со меѓународна потерница

Бегство не е моја опција, тврдеше Сашо Мијалков пред една година пред кривичниот суд. Денес се најде прв на листата бегалци на МВР кои се бараат со национална потерница.

Денеска само премиерот Зоран Заев излезе пред новинарите после сведочење во суд за друг предмет, Титаник и кажа дека некој мора да одговара.

Обвинителството за организиран криминал во петокот по завршните зборови за „Таргет-Тврдина“ го информирало МВР со цел, како што велат, да се преземат превентивни мерки, но шефицата на обвинителството Вилма Русковска за Канал 5 вели дека немале законски основ да побараат притвор.

Таков основ, тврди, добиле дури во саботата во 23 часот, откако МВР со нив ги споделило првите индиции дека можеби се подготвува бегство на обвинетиот Сашо Мијалков..

Во неделата утрото по направените неопходни проверки, изготвен е предлог за определување на притвор.

Во 12:00 часот со цел да обезбеди услови за прием на предлогот за притвор, обвинителството го известило кривичниот суд како и Министерството за внатрешни работи.

По исполнување на административните процедури, обвинителите Ленче Ристовска и Трајче Пеливанов во 14:30 часот се упатиле кривичен, каде во 15:00 часот Предлогот за определување на притвор е примен од судот.

Синот на обвинетиот Сашо Мијалков, Јордан Мијалков, членови на неговото потесно семејство и лица од неговото обезбедување, денес се повикани на информативен разговор во Министерството за внатрешни работи, потврдија од ова министерство, не обелоденувајќи попрецизни податоци.

За сега каде е Мијалков никој не знае, нему како обвинет му беше одземен пасошот а требаше и еднаш неделно да се јавува во суд.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!