недела, 28 февруари, 2021

Ритко ги навреди Египќаните, тие му одговорија – извини се или тужба!

Снимањето видеа стана се почеста професија и начин на профитабилна заработка на приходи.

Од желбата за популарност и гледаност, луѓето кои се занимаваат со снимање на вакви видеа, често знаат да прават работи кои дел од општеството не ги оправдува.

Па така, познатиот јутјубер Ритко Мемедов од Битола, синоќа снимил видео на својот канал на јутјуб, а претходно на својот фејсбук профил објавил пост.

На постот, па потоа и на видеото исмева група граѓани кои припаѓаат на етничката група Египќани.

Заедница која е помала, и припадниците на оваа заедница живеат во југозападниот дел на државата.

Во објавата на фејсбук, тој злоупотребува слика на која има два носители на јавна функција.

Имено, станува збор советник во Општина Охрид, и пратеник во собранието на Република Северна Македонија.

После овие два чина од страна на Ритко Мемедов, Египќаните преку објава на нивната фејсбук страна го осудија однесувањето на Ритко Мемедов.

Воедно, побараа јавно извинување, а во спротивно најавуваат кривична пријава.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!