сабота, 27 февруари, 2021

Oфицијално: Распишана е меѓународна потерница за Мијалков

МВР и официјално распиша национална потерница по Сашо Мијалков, екс директорот на УБК кого го нема од вчера попладне откако полицијата го бараше да му го врачи решението за куќен притвор.

„Мијалков Сашо, од татко Јордан , мајка Милка, роден на 15.09.1965 во Скопје, со живеалиште на ул.Народен Фронт бр.5-31 во Скопје,  се бара по наредба за распишување на потерница на Основен суд Скопје 1 КОК – КР бр.56/21, а врз основа на решение на судот со кое му е определена мерка куќен притвор, поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело – “Злоупотреба на службената положба и овластување“ од чл. 353 , кривично дело “Злосторничко здружување “ од член 394 и кривично дело “Примање награда за противзаконито влијание“ по член 359 од КЗ.“, се вели во објавата на МВР.

Инаку МВР за ТВ21 потврди дека бара распишување и меѓународна потерница за Мијалков.  

Потоа, Кривичниот совет веднаш по приемот на барањето има донесено решение за согласност за распишување меѓународна потерница од страна на МВР и истото е доставено до барателот.

Заради интерес на медиумите во однос меѓунардоната потерница за обвинетиот С.М., ја информираме јавноста дека од страна на надлежното Министерство за внатрешни работи до Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, предпладнево е поднесено барање за согласност од судот за распишување меѓународна потерница за обвинетиот на кој во текот на вчерашниот ден му беше определена мерка куќен притвор со 24 часовен надзор по негово пронаоѓање односно лишување од слобода.

Извор: mk.tv21.tv

Коментари

коментари

error: Content is protected !!