недела, 28 февруари, 2021

Уапасени се 38 лица поради кражби во продавници за време на протест во Шпанија

Полицијата во шпанската провинција Каталонија соопшти дека уапсила 38 лица за кражба во продавници ноќта помеѓу саботата и неделата по протестот за поддршка на уапсениот рап музичар Пабло Хасел.

За време на протестот, петти по ред во Каталонија по апсењето на музичарот, се случија „сериозни инциденти“, изјави полицијата и додаде дека демонстрантите фрлале камења и други предмети кон полицијата.

Во Барселона, бунтовниците го искористија протестот за да ограбат продавници во центарот на градот.

Демонстрантите поставија барикади и запалија канти за ѓубре. Оштетена е и фасадата на Палатата на музиката во Барселона.

Таа зграда е вклучена во списокот на светско наследство на Организацијата на ООН за образование, култура и наука (УНЕСКО).

Пабло Хасел

32-годишниот Хасел беше осуден за славење на тероризмот и навреда на кралот Фелипе Шести.

Неговото апсење предизвика протести, но и политичка дебата за слободата на изразување и полициската репресија.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!