недела, 28 февруари, 2021

„Спутник V“ ќе се произведува во Србија

Производството на руската вакцина „Спутник V“ на Институтот „Торлак“ во Србија значи дека вакцината во секој момент ќе им биде на располагање на граѓаните.

Како што објасни директорката на Институтот, Вера Стоиљковиќ, за српските медиуми, континуитетот на имунизацијата никогаш не би бил доведен во прашање и граѓаните превентивно ќе бидат заштитени од заразата со вирусот и додаде дека производството на вакцината во Србија би значела здрава популација.

„Што се однесува на лекарите, ним исто така, со превентивата односно со вакцинацијата на населението, ќе им се олесни работата, би се дошло до тоа да требаат помалку напори, многу полесни клинички слики, што за државата би значело поздрава и поуспешна популација“, објаснува таа.

Таа додава дека делегацијата на руски стручњаци одобрила во Институтот „Торлак“ да почне првата фаза од производството на руската вакцина против коронавирусот „Спутник V“.

„Првата фаза опфаќа производство на финалниот глот или финалниот производ, што практично значи полнење и пакување на вакцината. Тоа значи дека тој дел од работата ќе се случува на „Торлак“. Со која брзина ќе одиме зависи од времето потребно производните погони да се усогласат со производството на новата вакцина“, објаснува Стоиљковиќ.

Сепак, вели не се разговарало за тоа што на Србија ѝ е потребно за да се вклучи и во втората фаза од производството, односно за целиот процес на производство.

Извор: vecer.press

Коментари

коментари

error: Content is protected !!