недела, 28 февруари, 2021

СЕДУМ ЛИЦА ПОЧИНАА: Се сруши Нигериски воен авион

Седум лица загинаа денеска при пад на воен авион недалеку од Абуџа, соопшти нигериската армија.

Авион на нигериската армија се урна во близина на меѓународниот аеродром „Намди Азикиве“ во Абуџа, изјави портпаролот на аеродромот.

Според неа, авионот се срушил кога се приближувал до пистата.

Засега не е позната причината за несреќата, иако некои официјални лица таму споменаа дека пилотот при летот пријавил проблем со еден од моторите на авионот.

„Авионот на нигериските воздухопловни сили се урна на враќање кон аеродромот во Абуџа поради проблем со еден мотор“, изјави армијата додавајќи дека сите во авионот, седуммина од нив, загинале во несреќата.

Армијата додаде дека е отворена истрага за утврдување на околностите на авионската несреќа.

Порталот „Вангард“ ги објави првите вести за падот на авионот.

После тоа, на социјалните мрежи се појавија бројни видеа, кои наводно ја покажале несреќата.

Една од објавените снимки покажува поголем пожар на местото на несреќата и пожарникарите се обидуваат да го изгаснат пожарот.

Извештаите посочуваат дека во авионот имало шест лица и дека тие не ја преживеале несреќата, пренесува „Спутник“.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!