Обама не го примал во своите простории: „Не ја потценувајте способноста на Џо да се плетка“

Претседателот на Соединетите држави Џо Бајден беше во Сенатот 30 години, по што служеше како потпретседател осум години за време на двата мандата на Барак Обама. Но, се додека не се пресели во Белата куќа минатиот месец, тој не ја виде претседателската „резиденција“ во Белата куќа.

Тој разговараше за тоа во Милвоки со Андерсон Купер, водителот на телевизијата Си-Ен-Ен.

-Сто пати бев во Овалната соба додека бев потпретседател – и повеќе од тоа – одев секое утро на состанок, но никогаш не бев во резиденцијата – рече Бајден.

-Никогаш не сте биле во резиденција во Белата куќа? – изненадено праша Купер.

„Само што бев горе во жолтата соба, верзија на Овалната соба “, одговори тој.

Така, Бајден откри дека ниту еден претседател, ниту Обама, ниту некој друг, никогаш не го поканил на делот од куќата каде што престојува претседателот на САД со неговото семејство. Ова многумина го сфатија како знак дека односот на Бајден со Обама не е толку близок како што изгледаше во јавноста, за што често се зборуваше.

„Не ја потценувајте способноста на Џо да се плетка“, наводно рекол Обама во една пригода, за што минатата година пишуваа странските медиуми.

Покрај тоа, Обама чекаше до април минатата година за да го поддржи Бајден во претседателската кампања што ја водеше со месеци, а пред тоа не се огласи по овој повод.

Во еден момент за време на разговорот, Купер исто така го праша Бајден дали животот во Белата куќа во изминатите четири недели е поинаков отколку што очекуваше.

-Знаете како, јас дури и не знам што очекував. Кога се кандидирав, реков дека не сакам да бидам претседател за да живеам во Белата куќа, туку да можам да донесувам одлуки важни за иднината на земјата. Така, животот во Белата куќа, како што слушнавте од други претседатели на кои им беше огромна чест да живеат во неа, е нешто како живот во златен кафез од кој можете да излезете и да работите бизнис – рече Бајден и на крај се пошегува со намера да објасни дека сè уште му е тешко да се навикне на новиот простор:

-Кога ќе се разбудам наутро, ја гледам Џил и ја прашувам „Каде сме ние поѓаволите?“

Коментари

коментари

error: Content is protected !!