недела, 28 февруари, 2021

МВР со детали за синоќешните инциденти во Скопје

Министерството за внатрешни работи за ТВ21 истакна детали за синоќешниот инцидент во познат угостителски објект на булевар Илинден.

На 20.02.2021 околу 20,15 часот во угостителски објект на бул.„Илинден“ во Скопје од страна на полициски службеници од СВР Скопје се лишени од слобода Х.Ј.(20) и А.С.(27) двајцата од Скопје, а во врска со претходна пријава дека во угостителскиот објект дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу П.Ѓ.(28) од Скопје и Х.Ј.(19), по што А.С. (27) почнал да го крши инвентарот од угостителскиот објект. Според сведочењето на присутните, сите тројца претходно седеле на иста маса, пренесува ТВ21.

Потоа А.С. физички ја нападнал и Е.Х.(18) од Скопје која била заедно со С.С.(19) од Скопје, а потоа и го искршил мобилниот телефон на Е.Х…

На местотот на настанот е извршен увид, известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок

ТВ21 вчера објави за акцијата во познат угостителски објект на булевар Илинден каде беа присутни пет полициски возила и екипи на пазарниот инспекторат.

Извор: ТВ21

Коментари

коментари

error: Content is protected !!