
Бил Гејтс откри што може да ја запре пандемијата, која според Универзитетот Џон Хопкинс, заразила 110,7 милиони ширум светот и оставила 2,4 милиони мртви. Говорејќи на виртуелната конференција во Минхен за безбедност, коосновачот на Мајкрософт ја повика меѓународната заедница да инвестира во фабрики за вакцини.
Коосновачот на Мајкрософт беше на чело на глобалната кампања за искоренување на заразните болести. Неговата добротворна организација донираше 1,8 милијарди долари за истражување на САРС-КоВ-2, како и за развој и дистрибуција на вакцини низ целиот свет.

Сега се поставува прашањето дали ни треба само исклучително висока покриеност со постојната вакцина, дали ни треба трета доза од истата вакцина, или ни треба модифицирана вакцина, рече Гејтс.
Сите пет компании кои произведуваат вакцини во САД сакаат да се подготват за случајот луѓето кои веќе примиле две дози да можат да ја добијат третата доза на вакцината. Сметам дека е разумно да се развие модифицирана вакцина за да можеме да бидеме потполно сигурни дека ќе делуваат и на овие соеви на вирусот, рече тој.

Гејтс финансира истражување во Јужна Африка за да утврди дали вакцините на компаниите Астра Зенека, Џонсон и Џонсон и Новавак се подеднакво ефикасни против позаразната варијанта на вирусот корона.
Овој вид на вирусот е посебен предизвик за Астра Занека, додека вакцините Џонсон и Џонсон и Новавак се нешто помалку ефикасни, но сепак се доволно ефикасни, изјави Гејтс.