недела, 28 февруари, 2021

Спругата на Кристијано Роналдо искрено пред јавноста: Еве што прави после едно парче пица

Како живее семејството на Кристијано Роналдо? На ова прашање сите одма би одговориле во типот- не им фали ништо, што се вели ни птичјо млеко не им недостасува.

Но дека во домот на славниот барем понекогаш има и гладни, потврдуваат зборовите на девојката на Роналдо, Георгина Родригез.

Не помина долго, откако ЦР7 во едно интервју кажа дека многу му се лути на својот син, кога тој ќе побара чипс или газиран пијалок. Роналдо вели неговиот Јуниор јаде исто што и целото семејство и така сите колективно внимаваат на правилната исхрана.

А, ако некој пази на тој дел, тоа е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

Во интервју за Сан, Георгина откри дека кога Роналдо е некаде со клубот или репрезентацијата, на децата сака да им даде колачиња, пица и се она што не се конзумира кога домаќинот е дома.

„Кога него го нема, си дозволуваме некои обрoци кои тој не сака да ги конзумира. Вистина е, и Роналдо јаде пица, ама само еднаш неделно, после што прави многу стомачни.

Сака понекогаш да го изненадам со она што му се допаѓа, сепак кога него го нема, можам да се најадам“- вели Георгина која на својот Инстаграм има 23.7 милиони следачи.

Извор: dribling.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!