понеделник, 18 октомври, 2021

Британскиот сој брзо се шири во Македонија: Три градови во државата се најголемите жаришта

Расте бројот на новозаболени од британскиот сој во Македонија,
Британскиот сој забрзано се шири низ Македонија.

Министерот Венко Филипче појасни дека само во последните два дена 20 до 50% од новозаразените се инфицирани од овој сој, а како најголеми жаришта ги посочи градовите Кавадарци,Прилеп и Охрид.

Тој додаде дека во овие градови е забележан благ пораст на хоспитализации но засега нема потреба од дополнителни рестриктивни мерки.

Вакцинацијата продолжува во полн ек, досега се вакцинирани околу 760 здравствени работници.

Покрај вработените во ковид центрите во главниот град, вчера првата доза ја примиле и медицински лица од Кавадарци и Прилеп.

Премиерот Заев го појасни вчерашниот став дека треба да се внимава да не се нарачаат повеќе вакцини од потребното.

Tој додаде дека во моментот се нарачани количини колку што е потребни согласно националниот план за вакцинација и дека доколку се откаже дел од нарачката на веќе договорените вакцини, следни за нарачка ќе бидат вакцините на Спутник .

Извор: Канал 5

Коментари

коментари

error: Content is protected !!