недела, 28 февруари, 2021

ТАЖНА ВЕСТ: Почина легендарниот текстописец и музичар Ѓорѓе Балашевиќ

Еден од најголемите текстописци на овие простори и легендарниот музичар Ѓорѓе Балашевиќ почина на 67-годишна возраст, пишува РТС.

Балашевиќ беше примен на Инфективната клиника пред три дена, каде се лекуваше од пневмонија.

Според тие информации, Балашевиќ се лекувал дома од симптоми на пневмонија околу десетина дена.

Меѓутоа, кога неговата состојба се влошила, тој превентивно бил примен на Клиниката за инфективни болести.

Роден е на 11 мај 1953 година во Нови Сад. Тој беше член на групите Harvest и Early Frost, а во 1982 година започна соло кариера.

Има издадено вкупно 12 албуми.

Има глумено во неколку телевизиски серии, за кои пишува и музика.

Ѓорѓе Балашевиќ е роден во Нови Сад, во семејството Јован Балашевиќ и од мајка Вероника Балашевиќ (родена Долонец) од Копривница (денес во Хрватска).

Балашевиќ детството го има поминато во Нови Сад во куќа на улицата Јован Цвииќ во која живееше со својата сопруга (која е по потекло од Босна и Херцеговина и со своите три деца.

Песни започнал да пишува во основно училиште. Го напуштил средното училиште во трета година затоа што, како што самиот кажал, ги мразел предметите математика, физика и хемија.

Сепак, успеал вонредно да го заврши средното училиште, а потоа и да го положи приемниот испит и да се запише на студии по географија. Факултетот не го завршил, но станал дел од групата Жетва во 1977 година, од каде почнува неговата блескава музичка кариера која згасна денес, но неговите дела ќе продолжат да живеат и засекогаш на овие простори.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!