понеделник, 15 август, 2022

Вербална расправија меѓу двајца беровчани прераснала во физичка пресметка

Двајца беровчани по претходна вербална расправија несогласувањата ги решавале со физичак пресметка. Во пресметката интервенирала беровската полиција која подготвува соодветни поднесоци до учесниците во пресметката.

-Случајот е регистриран на улица „23 Август” во Берово во понеделникот, 15 февруари во 9 часот наутро. Во физичката пресметка учествувале лицата Ф.Ј (40) и М.Д (52) и двајцата од Берово. На физичката пресметка и претходела вербална расправија, се вели во соопштението од беровската полиција..

Оттаму додаваат дека по пријавувањето на немилиот настан и целосно документарање на случајот, против Ф.Ј и М.Н ќе биде поднесен соодветен поднесок. Ова е втор случај на физичка пресметка за неполн месец во Берово. Пред десетина дена во беровското Русиново обид за пресметка имаше и помеѓу 4 лица од Делчево и Русиново.

Извор: Слободен Печат

Коментари

коментари

error: Content is protected !!