Запленети 4 милиони шверцувани маски

Шпанската полиција денес објави дека запленила скоро четири милиони медицински маски во хотел во предградијата на Мадрид.

Маските биле во картонски кутии во магацинот на хотелот, соопшти полицијата, додавајќи дека кутиите биле со ознака KN95 и FFP2.

Полицијата пронашла и печатач за печатење на ознаките.

Безбедносните сили го пребаруваа хотелот откако беше пријавено дека се одржува собир, а тоа е забрането поради мерките против епидемијата на коронавирус. На тој начин полицијата ги откри и маските.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!