петок, 29 септември, 2023

Се преврте цистерна на патот Гостивар – крак Маврово: На лице место има полиција

На патниот правец Гостивар – крак Маврово, кај Новоселски мост сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента поради превртено тешко моторно возило (цистерна), информира АМСМ.

„На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација и присутна е сообраќајната полиција.

-На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно возење, прилагодување на брзината спрема условите на патот и почитување на сообраќајната сигнализација“, соопшти АМСМ.

Коментари

коментари