недела, 28 февруари, 2021

(ФОТО) Првата фабрика за пиво е стара 5000 години

Археолозите откриле пивара стара 5000 години во античкиот египетски град Абидос, во која можело да се произведаат илјадници литри пиво.

Д-р Метју Адамс, еден од лидерите на египетско-американската мисија што ја откри пиварницата, рече дека верува дека се користело пиво во кралските ритуали за погребување на најраните египетски кралеви.

Пиварницата, која имала производствен капацитет од 22.400 литри, била поделена на осум оддели во кои имало по 40 глинени садови за загревање мешавина од жито и вода.

-Се верува дека ова е најстарата пиварница со високо производство во светот, изјавија во Министерството за туризам, а пренесе Си-Ен-Ен.

Археолозите веруваат дека пивото е основната диета на античките Египќани, без оглед на нивната класа или социјален статус.

Понекогаш се користело за трговија, дури и како плата, додека работниците на платото Гиза добивале три пива со оброк. Меѓу многуте обожувани богови, античките Египќани исто така се поклонувале и на божицата на пивото, Тененит.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!