вторник, 18 јануари, 2022

(ФОТО) ПО НЕУСПЕШНА ОПЕРАЦИЈА: На глумицата и отпаднал носот

Популарната кинеска глумица Гао Лиу неодамна на социјалните мрежи објави фотографии од оштетениот нос, како предупредување за можните опасности од погрешно направена пластична операција.

“Целата постапка траеше четири часа. Мислев дека ќе станам поубава по тие четири часа”, им рече Гао Лио на своите следбеници на социјалните мрежи. „Не очекував дека тие четири часа ќе бидат почеток на кошмар“.

Актерката изјавила дека се свртела кон пластична хирургија мислејќи дека тоа ќе и ја подобри кариерата. Пријател ја запознал со пластичен хирург уште во октомври минатата година, а по посетата на клиника во Гуангжу, добила совет што да подобри.

Гао Лиу тврди дека, пред да се согласи да продолжи со операцијата на носот, и било кажано дека ќе може да се врати на работа за неколку месеци, но реалноста се покажала многу поинаква. По четиричасовна процедура, таа почувствува иритација и болка во носот, што се инфицирал за потоа да започне некрозата.

„Кожата на врвот на носот … стануваше се потемна и потемна, а мојот нос стануваше некротичен“, рече Лиу и додаде дека два месеци била хоспитализирана, а изгубила околу 400.000 јуани од нејзината договорена работа. Уште полошо, оштетувањето на носот било толку големо што таа нема да може да се подложи на реконструктивна хирургија најмалку една година, сè додека ткивото целосно не заздрави.

По објавувањето на актерката, кинескиот сајт The Paper започнал истрага и дознал дека клиниката што ја оперирала актерката добила пет административни казни од март до октомври 2020 година, иако причините не биле јасни.

Се чини дека ова не е единствена ситуација бидејќи официјалните податоци покажуваат дека во 2019 година „бројот на неквалификувани клиники за пластична хирургија надминал 60.000, шест пати повеќе од обичните клиники“, пренесува „Одити Централ“. Се верува дека тој број сега е уште поголем.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!