недела, 28 февруари, 2021

Филипче: Во живо од модуларната болница – Примена првата вакцина во Македонија

Министерот Венко Филипче на својот фејсбук профил сподели линк во живо од почетокот на процесот за имунизација.

На видеото се гледа како во модуларната болница, во присуство на Министерот, се вакцинираат првите здравствени лица.

Денес ќе бидат вакцинирани 280 здравствени лица.

Министерот Филипче ја објави и Националната стратегија за вакцинација, што ја изработија Министерството за здравство и Националната работна група за вакцинација, а Владата на РСМ ја усвои на 26 јануари оваа година.

Според утврдениот Национален план за имунизација на населението, во првата фаза предвидено е да се вакцинираат здравствените работници. Во оваа фаза, предвидено е да се вакцинираат и следните приоритетни групи: постарите возрасни лица со висок ризик да развијат болест, компликации и смртен исход, дефинирани со ризик врз основа на возраст, како и лицата постари од 70 години.

Линкот од преносот во живо можете да го проследите ТУКА.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!