недела, 28 февруари, 2021

(ВИДЕО) БРУТАЛНО ДОБРА ОСВЕТА ЗА БИВШИОТ И НЕГОВАТА ДЕВОЈКА: Тиктокерка направи нешто што ги воодушеви сите

Секое изневерување во врската е болно, а луѓето различно се справуваат со овој вид на ситуации.

Една Тиктокерка откри како им се одмаздила на поранешното момче и неговата љубовница, а Интернетот ја карактеризираше нејзината идеја како „брутално добра“. Она што го стори е потполно неверојатно и уникатно.

Џејд Пурвис на својот Тик Ток откри како таа и нејзиниот сопруг се запознале благодарение на поранешните партнери. Нејзиниот свршеник, со кого три години биле заедно, и неговата девојка, со која тој бил пет години во врска, ги изневериле. Кога ја дознале вистината, решиле да им се одмаздат, па се венчале.

“Тој помина 300 километри за да ме види. Ние сме во брак 4 години”, рече тиктокерката во едно од своите видеа, во кое на крај напишала – “Мислам дека ние победивме”.

Изгледа навистина победиле, затоа што заедно се 7 години!

Видеото од тиктокерката може да го погледнете овде.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!