Голем дијамант од 100,53 карати е ископан во руската република Јакутија, во источен Сибир.
Турската компанија „Алроза“, која се занимава со вадење и преработка на дијаманти, го именуваше Спутник V, според вакцината против Ковид, соопштија од оваа компанија.

„Алроза“ ќе го именува овој голем, висококвалитетен дијамант според вакцината против коронавирусот, се вели во соопштението.
“Спутник V е првата регистрирана вакцина во светот против ковид. Станува збор за дијамант од 100,53 карати, со димензии 27,15 X 28,81 X 29,56 милиметри, во форма на срамнен октагон. Изваден е во Јакутија”.