недела, 28 февруари, 2021

(ФОТО) ОСАМЕН ЗГОДЕН МИЛИОНЕР БАРА ДЕВОЈКА: Објави листа на особини кои мора да ги има неговата „посебна личност“

Осамен згоден милионер Енди Скот од малиот град Плимут во Англија сака семејство, но како што вели, тешко е да се најде жена која ги исполнува сите негови услови.

Енди го направи својот прв милион кога имаше само 26 години, а потоа на 30-годишна возраст изгуби сè, но успеа да се крене од пепелта и повторно да создаде империја и сега, како што изјавува, конечно може да се сврти кон основање семејство и бара девојка за брак.

Потребна му е „посебна личност“ што може да летува со него крстарејќи по Медитеранот и да ужива на Алпите во зима.

“Сакам семејство, но тешко е да се најде некој што ги исполнува сите мои критериуми. Мојот терапевт ми рече дека ако се обидам да најдам партнер исто како што работам, нема шанси да најдам некого”, Рече Енди, додавајќи дека е убеден дека навистина ќе биде среќен кога ќе најде сродна душа.

Еве список на сите карактеристики што мора да ги има неговата „посебна личност“!

-Интелигентна, уникатна девојка која не се сфаќа себе си премногу сериозно и претходно да живеела интересен живот. Не е задоволна од просечни работи и успеала во нешто, без разлика во што.

-Жена која не е родена со златна лажица во устата, што создала нешто сама.

-Жена која се грижи за себе и за својот изглед. Таа мора да вежба пет пати неделно и да биде горда на своето тело.

-Жена која не е зависна од социјалните мрежи, која знае како да живее во реалниот живот.

-Жена достојна за неговата доверба.

-Камелеон кој ќе се справи во сите ситуации и која може подеднакво да присуствува на свечен настан и забава за тинејџери.

-Жена која може да биде и сериозна и дете, жена која може да биде гламурозна и да ги засука ракавите.

-Жена која ја сака природата и прошетките, вода, едрење и која не се прави принцеза, но може да се прилагоди на сите услови.

-Жена која сака да се смири и сака деца, но исто така разбира дека животот не завршува со имањето деца и дека семејниот живот може и треба да биде забавен и полн со авантури.

Малку бара, нели? … Дали се пронајдовте?

Коментари

коментари

error: Content is protected !!