Поради грешка, Мерцедес повлекува над милион автомобили

Германскиот автомобилски гигант утврдил дека, во некои од нивните возила, привременото прекинување на струјата на модулот за комуникација предизвикано од сообраќајна несреќа може да испрати погрешна локација на возилото до базата, изјави портпаролот на компанијата за „Инсајдер“.

Тој исто така потврди дека другите функции на автоматските и рачните системи за итни повици остануваат целосно оперативни и дека Мерцедес-Бенц САД не е запознаен со какви било случаи на материјална штета или лична повреда поради овој проблем.

Моделите автомобили за повлекување вклучуваат CLA, GLA, GLE, GLS, SLC, A, GT, C, E, S, CLS, SL, B, GLB, GLC и G, објави Асошиејтед Прес во саботата.

Повлекувањето се случило откако Мерцедес-Бенц дознал за несреќа во Европа во која автоматскиот систем за итни случаи дал неправилна локација на возилото, според АП. Моделите за повлекување биле произведени помеѓу 2016 и 2021 година.

Минатата недела Мерцедес откри детали за својот електричен S-Class EQS. Целта на компанијата е да доминира во производството на луксузни електрични возила. Во јануари тие го претставија и својот нов кросовер 2022 EQA 250, најновото електрично возило на Мерцедес-Бенц.

Извор: kanal5.com.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!