Д-Р ПАНОВСКИ: Малку се 2.500, треба дневно да се вакцинираат 5.000 граѓани

Професорот на Медицинскиот факултет доктор Никола Пановски вели дека Македонија тешко ќе го постигне капацитетот на вакцинирани што го има постигнато Израел и дека потребно е наместо најавените 2.500 луѓе дневно, да се даваат вакцини на барем 5.000 луѓе дневно. Тој исто така рече дека не може да се избегне фактот што ќе има граѓани кои не сакаат да се вакцинираат.

“Треба да сме свесни дека има луѓе над 70 години кои не сакаат да се вакцинираат. Моите пресметки се дека со 2.500 вакцини дневно, ќе оди споро и со втората доза до септември би имале вакцинирано 250 илјади луѓе, главно здравствени работници и луѓе над 65 години, зависно од одзивот. Но, треба да се вакцинира со поголем интензитет, 2.500 дневно се малку. Ако го дуплираме бројот на дневни вакцинации на 5.000, тогаш до септември ќе имаме вакцинирано 450 илјади граѓани. А ако одиме со интензитетот од 2.500 вакцинирани дневно, тогаш ќе ни треба цела година за да дојдеме до 450 илјади вакцинирани граѓани. За пет дена Израел го направил тоа што ние би го направиле за година дена, рече тој за Слободен печат.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!