недела, 28 февруари, 2021

Што треба да знаете ако планирате да инвестирате во биткоин? Вредноста постојано расте

Најпопуларната криптовалута во светот, биткоинот (Bitcoin), во текот на тргувањето ја надмина својата досега максимална историска вредност од 49.000 американски долари.

Според податоците објавени на порталот CoinMarketCap во неделата, кој ја пресметува просечната цена според показателите од повеќе од 20 берзи, вредноста на биткоинот на пазарите се искачила на 49.143 долари. Тоа би претставувало раст на криптовалутата за 2,7 отсто.

На најголемата светска берза за размена на криптивалутите Binance, цената на биткоинот се зголемила за повеќе од 3 отсто, на 49.300 долари.

Активниот раст на вредноста на оваа криптовалута започна во понеделникот на 8-ми февраури, откако американскиот производител на електрични возила „Tesla“ на претприемачот Илон Маск, објави дека инвестира 1,5 милијарди во биткоинот. Тоа иницираше цената на криптовалутата да го пробие својот плафон од 8-ми јануари од 41.950 долари и два дена со ред ги уриваше рекордните нивоа.

Од Централната банка на земјава предупредуваат дека во глобални рамки не постои регулатива за крипто-средствата, што важи и за биткоинот, како и дека граѓаните од земјава што планираат да инвестираат во биткоини треба да знаат дека тоа носи голем ризик, како и дека неговата вредност не е гарантирана од некоја централна банка.

Каде можам да купам биткоин?

Биткоинот е 100% дигитален. Пазарите наречени „размена на биткоин“ им овозможуваат на луѓето да купуваат или продаваат биткоини користејќи различни традиционални валути. Coinbase е водечка берза, заедно со Coinmama, CEX.IO и Gemini.

Каде да го чувам мојот биткоин?

Биткоинот е зачуван во дигитален паричник, кој е или на облак или на вашиот компјутер. Тоа е како да имате виртуелна сметка во банка. Но, за разлика од банкарските сметки, зачуваниот биткоин не е осигуран од FDIC.

Извор: pari.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!