недела, 28 февруари, 2021

Пандев ја нападна ФФМ: Излезете јавно и кажете што направивте за македонскиот фудбал

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација и сопственик на прволигашот Академија Пандев, Горан Пандев, се огласи на Инстаграм по одложувањето на денешното прволигашко коло заради снегот и вчерашниот натпревар кој го одигра неговиот клуб.

-Срамно и жално… уште еднаш докажавте дека вие сте нефудбалски луѓе, луѓе што не му мислат добро на македонскиот фудбал, туку ве интересираат само вашите лични интереси и затоа одлуките ви се вакви…Доста се криевте зад резултатите на репрезентацијата, сигурно паметот ви е уште во огромните премии што ги поделивте на наш грб, на грбот на репрезентацијата што гиневме за македонскиот дрес, напиша Пандев.

Ги повика челниците на ФФМ да излезат јавно да излезат и да кажат што направиле за македонскиот фудбал.

-Излезете јавно и кажете што направивте за македонскиот фудбал, за нашата (аматерска) лига, колку им помогнавте на клубовите во овој тежок период… Подготвен сум ако не се сменат некои работи, ако клубовите не одлучуваат во ФФМ, да се тргнам настрана, порача Горан Пандев преку објавата на Инстраграм.

Извор: lokalno.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!