понеделник, 28 ноември, 2022

Тажна македонска приказна за брат кој моли за вработување на сопствената сестра со цел таа да остане дома

Тажна (македонска) приказна за брат кој моли за вработување на сопствената сестра со цел таа да остане дома, во нашата земја.

Марјан Петковски, познат како Ди-џеј Мац, на својот Фејсбук профил објави статус во кој бара неговата сестра, магистер по меѓународно право и дипломатија, со турски јазик – да биде вработена.

„Јас би ве замолил доколку некој има потреба од ПРАВНИК во државава .. Мојата сестра е МАГИСТЕР ПО МЕЃУНАРОДНО ПРАВО И ДИПЛОМАТИЈА, со перфекно втор научен турски јазик, со сертификати, со дипломи со сите левели и степени на највисоко ниво. Има 37 години и е невработена во државичкава наша бидејќи има 75 страни CV.

Има пратено во над 50 места и нема добиено одговор од никого ЗОШТО НЕМАМЕ ВРСКИ. Мојата сестра ќе треба да си оди од државава зошто тука очигледно квалитетни луѓе не требаат… ПА БИ САКАЛ ЕВЕ НА ОВОЈ НАЧИН ДА ЗАМОЛАМ, ДОКОЛКУ НА НЕКОЈ МУ ТРЕБА човек со огромен капацитет да ми се обрати.

Би сакал сестра ми да остане во државава и да биде со фамилијата. Фала ви многу“, вели Мац во објавата, која брои речиси 200 споделувања.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!