вторник, 18 јануари, 2022

Имал пари за Порше, но не и за регистрација

Тетовската полиција денеска заплени порше, кое сопственикот го возел нерегистрирано повеќе од една година.

Очигледно “фраерот” имал пари за луксузен автомобил, но “немал” за регистрација.

Токму ваквите автомобили се потенцијални убијци на патиштата затоа што никој не знае дали се технички исправни, а доколку учествувате во сообраќајна незгода со нив, ќе треба со години да се влечете по судови за штетата.

Со новиот закон за безбедност на патиштата, полицијата ги запленува ваквите автомобили.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!