Досега над 20.000 граѓани се пријавиле за вакцинација

Над 20.000 граѓани се пријавија за вакцинирање откако во текот на вчерашниот ден беше пуштена во употреба веб-страницата „вакцинација.мк“, изјави Жаклина Чагоровска, од електронскиот систем „Мој Термин“.

Сè уште не сме ги анализирале податоците за да можеме да одговориме од кој дел на земјава има најголем интерес за вакцинирање, но се надевам дека за брзо време ќе ги направиме потребните анализи и ќе ја информираме јавноста, истакна жаклина чагоровска од електронскиот систем „Мој термин“.

–Засега има триесетина пунктови каде што граѓаните ќе можат да ја примат вакцината против ковид-19 – посочи Чагоровска.

Вкупно 23.924 граѓани досега се пријавиле преку онлајн аликацијата за вакцинирање против Ковид-19, информираат од Министерството за здравство.

На прашањето дали жители од помалите градови низ земјава можат да се пријават за вакцинирање во некој од скопските пунктови, таа истакна дека такви примери се очекуваат, но дека таа лично не гледа причина зошто жител на еден град би сакал да се вакцинира во друг град.

Сајтот повеќе не бара да се внесе безбедносен код, кој пристигнуваше на телефонскиот број. Освен по електронски пат, пријавување за вакцини ќе вршат и матичните лекари.

Извор: kanal5.com.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!