среда, 22 септември, 2021

Сите погледи свртени кон Табановце: Eве што се очекува – Вучиќ ќе му ги предаде вакцините на Заев

Српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот Зоран Заев утре ќе извршат примопредавање на вакцините од Србија.

Како што соопштија од кабинетите на двајцата премиери, Заев ќе ја пречека делегацијата предводена од претседателот на Република Србија Александар Вучиќ на граничниот премин Табановце, со која ќе пристигне и првата пратка на вакцини против коронавирусот за имунизација на граѓаните на Македонија.

По работната средба на граничниот премин, премиерот Заев придружуван од министерот за здравство Венко Филипче и српскиот претседател Александар Вучиќ ќе дадат кратки изјави за медиумите.

Вучиќ пред околу еден месец ни понуди донација од 8.000 вакцини, но премиерот Заев рече дека вакцините ќе ги прифатиме и ќе ги платиме.

Паѓа веб страната преку која граѓаните треба да се регистрираат за вакцинација против Ковид 19.

Уште на првиот ден страната не е функционална. Од МЗ велат дека се уште се комплетира и има технички проблеми.

„Во моментов се прават последните технички прилагодувања на веб-страницата преку која граѓаните ќе можат да се пријавуваат со изразување заинтересираност за вакцинација против КОВИД-19. Штом се овозможи целосна функција на веб-страницата, ќе Ве информираме повторно“, велат од Министерството за здравство.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!