понеделник, 26 јули, 2021

Индијанците починуваат скоро двојно побрзо од коронавирусот отколку белите Американци

Индијанците и домородците од Алјаска умираат од последици на коронавирусот скоро двојно побрзо од белите Американци, се вели во анализата на истражувачката лабораторија АПМ.

Еден од 475 Индијанци починал од ефектите на коронавирусот од почетокот на пандемијата, во споредба со еден од 825 белоамериканци и еден од 645 афроамериканци, пренесува Гардијан.

Пријавени се 211 смртни случаи на 100.000 луѓе кај Индијанци, во споредба со 121 смрт на 100.000 луѓе кај бели американци.

Вистинскиот број на смртни случаи е несомнено поголем бидејќи повеќе држави и градови обезбедуваат оскудни податоци за Индијанците болни и починати од Ковид.

Меѓу државите каде податоците се поцелосни, најтешко се погодени заедниците во Мисисипи, Ново Мексико, Аризона, Монтана, Вајоминг и Северна и Јужна Дакота.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!