вторник, 18 јануари, 2022

Светски познатиот епидемиолог открива како да ја победиме короната

Најдобрата одбрана против новите соеви на коронавирусот е имунизација на што повеќе луѓе и тоа што побрзо може, изјавил денеска водечкиот американски експерт за заразни болести Антони Фаучи.

На брифинг со новинарите тој предупредил дека е разумно да се размисли за тоа вакцината на Фајзер и Модерна да се даваат во една доза поради недостигот на вакцини, сепак додал дека таквата студија би траела неколку месеци и дека резултатите би биле спорни.

Фаучи и натаму ги охрабрува луѓето да примат две дози од вакцината . Оптималниот „пристап е што повеќе луѓе да ја добијат првата доза, но истовремено да се направи сѐ за на време да ја примат и втората доза, вели Фаучи.

Директорката на Центарот за контрола на болести Валенски ги советува луѓето и натаму да носат маски, а сојузните држави да не ги олабавуваат мерките.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!