Многумина не веруваа, ама Љупчо Николовски објави – ова е првото разрешување, следуваат и други

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, функцијата – вицепремиер за борба против корупцијата започнува да ја оправдува.

Од 2017 до 2019 Николовски ја извршуваше функцијата министер за земјоделство, шумарство и водостопанство во Владата на Република Северна Македонија.

Во периодот од 2013 година Николовски бил шеф на кабинет на Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев.

Иако многумина не веруваа дека тоа ќе се случи, со неговата последна објава на социјалните мрежи, многумина кои се соменваа, веројатно ќе признаа дека започнува да се реагира.

Еве што напиша тој:

На мое барање, Владата на денешната седница донесе одлука за разрешување на Ристо Чулаковски од позицијата член на Управниот одбор, преставник на основачот на Државниот студентски дом „Кочо Рацин“, Битола.

Чулаковски е разрешен поради постоење на судир на интереси, по иницијатива којашто до мојот Кабинет пристигна од страна на Државната комисија за спречување на корупција.

Ги разгледуваме и постапуваме по сите пристигнати иницијативи од Државната комисија за спречување корупција, како важна независна институција во откривањето и спречувањето корупција.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!