Македонските државјани во странство ќе се попишуваат сами

Македонските државјани кои повеќе од една година живеат надвор од земјава од 1 март до 21 април ќе можат да се попишат преку онлајн апликација на Државниот завод за статистика, соопштуваат од Владата.

Овие граѓани ќе влезат во категоријата на вкупно нерезидентно население. Услов за да се самопопишат ќе биде точниот единствен матичен број на граѓанинот.

За граѓаните кои живеат во Македонија, а кои за време на пописот се во странство и не се самопопишале преку веб-апликацијата, попишувањето ќе се врши во нивното последно место на живеење, ако на таа адреса има полнолетен член на домаќинството или друго лице кое најдобро ги познава ќе може да ги даде сите потребни податоци за нив.

„За овие лица податоци дава исклучиво полнолетен член на домаќинството или друго полнолетно лице. Давателот е должен да приложи соодветен документ од кој ќе може да се преземе ЕМБГ на лицето кое се попишува, со што ќе ја гарантира точноста на податоците. При попишувањето на овие лица, некомплетните податоци нема да ги прифаќа апликацијата и со тоа се отфрла можноста да бидат попишани лица со неточни податоци“, соопштија од Владата.

Пописот на оваа група на граѓани ќе даде информации за човечкиит капитал, бројот и струткрата на луѓето кои си заминале, но и да се создадат политки за да се спречи миграцијата, или евентуално да се создадат услови да се вратат тие луѓе во земјава, вели директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски.

Ние имаме желба, не моравме да ги попишечме, но како земја што има голема миграција сметавме дека е потребно.

Извор: kanal5.com.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!