Оливер Спасовски: Поднесена кривична пријава за примање поткуп против полициски службеници од СВР Куманово

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил штотолку објави дека е поднесена кривична пријава за примање поткуп против полициски службеници од СВР Куманово, неговиот роден град.

Подолу го пренесуваме целиот статус, со деталните информации.

Кривична пријава за примање поткуп за полициски службеници од СВР Куманово.

МВР поднесе кривична пријава и ги суспендира полициските службеници Д.Д. (24) и Е.С. (29) од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „примање поткуп“ по член 357 став 1 од КЗ на РСМ.

Ги повикувам сите граѓани да се охрабрат и да ги пријавуваат ваквите случаи.

Ред, Правда, Дисциплина!

Коментари

коментари

error: Content is protected !!