Во САД ќе се доставуваат вакцини против Ковид-19 во аптеките: Белата куќа почнува нова програма идната недела

Белата куќа ќе почне нова програма за испраќање на вакцини против коронавирусот директно до аптеките.

Таа акција ќе почне следната недела, а целта е да се прошири пристапот на Американците до лековите. Ова го објави главниот советник во Белата куќа.

Координаторот во тимот на американскиот претседател Џо Бајден, за Ковид-19, Џеф Зинтс, изјави дека програмата че почне на 11 февруари и првично предвидува вкупно 11 милиони дози до 6.500 аптеки.

Тој додаде дека со зголемувањето на достапните количини, опсегот на програмата може да се прошири на 40.000 аптеки.

– Тоа ќе им овозможи на луѓето повеќе места за вакцинирање во градот каде што живеат, нагласи Зинтс.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!