среда, 22 септември, 2021

Работодавачите ќе добијат по 50 евра надомест од државата за плати за секој вработен: Усвоен седмиот пакет мерки на Владата на Словенија

Словенечкиот парламент го прифати седмиот пакет на економски анти-ковид мерки во кој се предвидува помош и субвенции за граѓаните и стопанството во вкупен износ од 320 милиони евра. Со овој сет, меѓу другото, се продолжува со субвенции за физичките и за правни лица кои се погодени од корона-кризата.

Корисници моќе да бидат сите работодавачи кои бележат пад на приходите за повеќе од 20 отсто како последица на кризата што ја предизвика пандемијата на ковид-19, објави порталот „СЕЕбиз“.

Обезбедени се субвенции за минимални плати чиј износ во оваа година е зголемен за 1.024 бруто, пришто работодавачите ќе добијат по 50 евра за плата како надокнада од државата која ќе ги поддржи компаниите и во праќањето на придонесите.

Работодавачот кој ќе добие субвенции за плати, нема да смее да отпушти работници ниту по три месеци од прекинот на користење на мерката.

Прифатениот закон предвидува и т.н. „кризен додаток“ од 200 евра за оние кои не добиле т.н. „божиќница“ од работодавачот со платата за декември.

Извор: slobodenpecat.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!