понеделник, 19 април, 2021

Формирано ново здружение на тутунопроизводителите – ,,Тутунска надеж“

Ново здружение на тутунопроизводители се стреми од годинашнава реколта да ги застапува тутунарите од земјава.

Бидејќи како што велат се чуствуваат изманипулирани од досегашни нивни преставници.

Тврдат дека имаат 12 илјади членови и поради тоа денеска ги предадоа документите во Централниот регистар.

Здружението се вика ,,Тутунска надеж,,и имаат за цел да станат значаен социјално економски партнер пред надлежните институции за да ги решаваат прашањата и проблемите на тутунарите.

Познавачите на приликите велат дека според бројот на договорите во земјава има над 25 илјади семејства кои произведуваат тутун.

Во некои сојузи има по некое тутунско здружение.Но факт е дека од околу триесетина кои ги има тврдат дека исто како да ги нема. Затоа треба да се се направи еден сојуз на тутунските здруженија кој ќе биде сериозен социјално економски партнери во услови кога во Македонија се произведуваат над 23 илјади тони тутун.

Извор: kanal5.com.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!