недела, 28 февруари, 2021

Червар: Циндриќ лаже! Металург ми должи еден тон пари!

Односот меѓу Лино Червар и Лука Циндриќ воопшто не е добар, а во претходните денови тие влегоа во вербална војна, откако најпрво „стариот лисец“ го критикуваше ракометарот дека никогаш не бил достапен кога му требал.

Секако, ниту Циндриќ не остана должен на овие критики од Червар, па му кажа преку медиумите дека за малку ќе ја завршел кариерата поради него.

Червар порача дека тој го донел Циндриќ во Металург и го прославил, кога никој друг не знаел за него, а ракометарот му кажа дека поради тој трансфер морал да се влече по судови и не добил ниту дел од парите.

„Тоа е лага. На него му била уништена кариерата? Па мене Металург уште ништо не ми врати, ми должат еден тон пари. Не знам дали на него му вратиле, но знам дека на мене не ми вратија. Циндриќ ја повлече приказната, но не гледам ништо во тоа. Го сакам и не жалам поради ништо. Плукањето не му служи за чест и не сакам да се вклучувам во тоа. На никој не му пречам, ако некого сум повредил, тогаш длабоко му се извинувам“, кажа Червар за хрватските медиуми.

Извор: Во Центар

Коментари

коментари

error: Content is protected !!