понеделник, 19 април, 2021

Јужноафриканската мутација на вирусот се поблиску до Македонија – Во Грција регистриран првиот случај

Првиот случај на јужноафриканската варијанта на коронавирус е регистриран денеска во Солун, втор по големина град во Грција, објави локалниот Институт за јавно здравје.

Вонредна средба се одржа попладнево во Солун, на која присуствуваа грчкиот заменик министер за цивилна заштита Никос Хардељас и претседателот на Националната организација за јавно здравје на Грција, Панајотис Аркуманеас.

Засега, не се познати други информации дали има уште заразени со јужноафриканска варијанта на коронавирус, кој, како и британската мутација, се шири побрзо.

Извор: novamakedonija.com.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!