вторник, 18 јануари, 2022

Експертите на СЗО го посетија пазарот во Вухан, првото жариште на епидемијата на Ковид- 19

Експертите од Светската здравствена организација, кои го испитуваат потеклото на коронавирусот, го посетија пазарот Хуанан во Вухан, првото жариште на епидемијата, јавија новинарите на агенцијата Франс прес.

Тој пазар, каде се продаваа живи диви животни, е затворен од јануари 2020 година, а чуварите дозволија влез само на возилата на истражувачката група на СЗО.

Експертите на СЗО ги започнаа првите директни состаноци со кинески научници во петокот, тие претходно беа во двонеделен карантин по пристигнувањето во Кина и имаа контакти со кинеските колеги преку Интернет.

Експертите на СЗО, специјализирани за здравје на животни, вирусологија, безбедност на храна и епидемиологија, вчера посетија две болници во кинескиот град Вухан, каде се лекуваат пациенти со ковид-19.

Болницата Џинџинтан е една од првите во градот каде се сместени пациенти со тогаш непознатиот вирус на почетокот на 2020 година и е клучен дел од епидемиолошката историја на болеста.

Еден од членовите на тимот на СЗО, британскиот зоолог Питер Дашак, објави на Твитер дека посетата на болниците е „важна можност за директен разговор“ со медицинските лица кои се бореа со вирусот во критичен момент.

Првите директни состаноци на тимот со кинески научници се одржаа во петокот, а истражувачите на СЗО посетија друга болница во Хубеи.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!