Не траеше долго – избришана групата „Јавна соба“

Откако во текот на денот премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски предупредија дека е можно Телеграм да биде забранет во државата, од оваа апликација реагираа.

Групата „Јавна соба“ повеќе не постои. Истата е избришана, а наскоро за ова се чека информации и официјална потврда од МВР.

Четири лица, две од Битола, едно од Велес и едно од Штип се проиведени денеска во врска со случајот „Јавна соба“, информира министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Тој во изјава за Канал 5 рече дека работиме заедно со Обвинителството сѐ со цел да се обезбедат и дополнителни докази коишто ќе бидат докази во постапката.

– Секако дека трагаме за уште лица, имаме идентификувано уште лица кои во наредниот период ќе бидат приведени и да можеме да дојдеме до оние кои ја креират ова група.

Меѓутоа и оние што злоупотребуваат лични податоци внатре во групата.

-Интензивно работиме во соработка со ЈО. Имавме експресна, брза реакција во делот на пронаоѓањето на овие сторители, и сметам дека на овој начин можеме ефикасно да ставиме крај на вакви лоупотреби коишто се моментално на одредени социјални мрежи, рече Спасовски во текот на денот.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!