Земјотрес со јачина од 3,6 степени според рихтеровата скала е почувствуван утринава во 7.44 часот во мавровскиот регион .
Според првичните податоци, епицентарот бил 20 километри југозападно од Гостивар, во мавровскиот регион, на длабочина од 2 километри.

Жителите во мавровскиот регион почувствуваа потреси и ноќеска. Во 1.36 часот со магнитуда од 3,2 степени, по што следуваа уште два земјотреси во 2.29 и во 2.49 часот со магнитуди од 2,8 и 2,7 степени според европската макросеизмичка скала.

Сите земјотреси беа со епицентар во маврово на 1 или 2 километри длабочина.

Лани на 11 ноември беше регистриран досега најсилниот земјотрес во овој регион од 4,9 степени. На 22 декември 2020 беше почувствуван уште еден земјотрес, со јачина од 3,3 степени и епицентар кај мавровското село леуново.