(ФОТО) ЕМОТИВНО: Куче го чекало својот газда една недела пред болницата во која се лечел

Верното куче чекаше скоро една недела пред болница во Турција, сè додека неговиот сопственик не беше пуштен по лекувањето.

Женка мешанка по име Бончук, што на турски значи бисер, беше наградена за нејзината верност со емотивна средба со сопственикот Кемал Сентурк (68), кога тој конечно беше пуштен од болница во североисточниот турски град Трабзон.

Сентурк беше пренесен во болница поради емболија на 14 јануари, а Бончук која го добила името по кафеавите очи, ја следеше брзата помош.

Оттогаш чекала пред болницата, а вработените понекогаш ја хранеле. Ќерката на Сентурк неколку пати се обидела да го донесе кучето дома, но секој пат бегало и се враќало пред болницата да го чека својот газда.

Кога Сентурк конечно излезе од болницата оваа недела, Бунчук трчаше околу неговата инвалидска количка, скокајќи и мавтајќи со опашката.

“Човек поради тоа се чувствува многу среќно. Тоа куче е многу блиску со нас, како човечко суштество, и јас сум многу среќен поради тоа”, рече Сентурк.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!