недела, 28 февруари, 2021

Агнеса не застанува: По разводот одлучи да се пријави за МИС – Може да гласате за неа

Од 13 јануари, јавноста беше постојано во тек со љубовната драма на Роберт Орданоски, поранешниот директор на АЕК и неговата сопруга Агнеса. Орданоски тогаш објави статус во кој јавно раскажа дека се разделува од сопругата.

.

.

„Уште еднаш, среќен роденден на мојата прва љубов, штета што мајка и, фотошоп барбиката Агнеса не е тука, на 17-иот роденден на нејзината првородена ќерка. ма поважна работа, подготвува документи за развод од нејзината поранешна љубов од која, по нејзини зборови, се оладила, најверојатно поради тоа што таа љубов не е повеќе директор и не е во можност да и ги исполнува нејзините мегаломански желби и потреби, се надевам ќе си најде солвентен партнер кој ќе може тоа да го прави место мене. Сепак, преминував преку тоа, за да задржам мир во семејството. Се до денот недела, 10 јануари, кога ме викна да разговараме: „Решив да се разведам, оладена сум, децата ќе бидат со мене, ти ќе ги гледаш кога сакаш. Од неделата до средата на секој начин се обидував да ја смени одлуката, буквално ја молев, сепак залудно, нејзиниот став беше цврст дека крајот е тука“, рече Орданоски за Женски магазин.

Неговата сопруга за „Фокус“ изјави дека тоа не е начин да се решеваат брачните проблеми, туку во четири очи. „Штом го оставам, нешто има. Нешто дома не е во ред. Затоа решив. Кога веќе ја вмеша јавноста и јавноста виде што кажа за мене, тогаш еве нека сфати јавноста со каков човек сум имала работа. Цело време трпев само поради децата, но сега пораснаа. Додека сум млада сакам да бидам сама и да се посветам на кариерата. Премногу сум воспитана. Јас сум дете од Скопје. Се фали со семејството, но ако е до тоа, еве моето е уште појако“, изјави Агнеса за ММС.мк.

На Агнеса пак ѝ рипна популарноста, таа на Инстаграм има повеќе од 32 илјади следачи. Таа продолжува да прави селфиња и се фотографира со ќерките, и сега учествува во еден нов настан.

Станува збор за Мис Инстаграм, кој го организира Инстаграм страницата „Најдоброто од Македонија“. Агнеса објави стори во кое страницата ја прикажува како третата финалистка за која може да се гласа.

Третата финалистка Агнеса Органџиева. За неа можете да гласате со лајк на ова слика“, пишува на објавата на која веќе има близу 500 лајка.

Во конкуренција се и Кристина Димитријевска, познатиот модел и манекенка, која му е поранешна сопруга на Даниел Кајмакоски, водителката Миа Костова, и пејачката Аделина Тахири која има најмногу лајкови.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!