понеделник, 18 октомври, 2021

СЗО одговори на ВАЖНО ПРАШАЊЕ: Појаснето е дали памучните маски подеднакво добро заштитуваат од новиот вид Корона

Светската здравствена организација (СЗО) испрати јасна порака дека платнените маски се подеднакво ефикасни за новиот вид коронавирус.

-.

Нехируршките платнени маски можат да ги користат сите лица на возраст под 60 години кои немаат никакви здравствени проблеми. Дури и со нови видови на коронавируси кои се заразни, немаме индикации дека начинот на пренесување е променет – рече Марија ван Керков, епидемиолог од СЗО.

Таа препорачува медицински маски да продолжат да носат сите здравствени работници, луѓе кои се чувствуваат лошо и ги чекаат резултатите од тестот за вирусот корона или веќе имаат позитивни резултати, како и луѓе кои се грижат за некој кој е повеќе ранлив на вирусот.

Исто така, медицинските маски, според Ван Креков, треба да ги носат лицата постари од 60 години, особено ако имаат хронично заболување што ги прави поранливи на вирусот корона и поради спречување од други сериозни заразни болести.

Сепак, таа потсетува дека секоја маска од платно треба да биде трослојна со цел заштитата да биде соодветна.

Плашејќи се од ширење на нов вид на коронавирус кој е позаразен, Австрија и Германија неодамна воведоа задолжително носење маски „FFP2“, бидејќи тие се ефикасни во повеќе од 90 проценти.

-Од досега собраните податоци од земјите каде што е регистриран нов вид на коронавирус, нема промена во начините на пренесување. Ако добиеме различни информации, дефинитивно ќе ја ревидираме препораката за маски. Секоја земја има право да донесе одлука за маски на начин што и одговара – заклучи Марија ван Креков.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!