СЗО: Имаме нови препораки за лечење на пациентите заболени од Корона

Светската здравствена организација (СЗО) во вторникот издаде нови препораки за третман на пациенти со Ковид. Меѓу другото, советуваат употреба на антикоагуланси во мали дози за да се спречи формирање на тромби.

„Новиот совет е дека заразените лица дома треба да користат пулсна оксиметрија, која ги мери нивоата на кислород, за да следат дали нивната состојба се влошува и дали е подобро да се има болничка нега“, изјави портпаролката на СЗО Маргарет Харис на брифингот на ООН во Женева.

СЗО исто така советува пациентите да лежат на стомак за да го подобрат протокот на кислород.

“Исто така препорачуваме употреба на антикоагуланси за да се спречи формирање на згрутчување на крвта. Предлагаме пониски дози бидејќи повисоките можат да предизвикаат други проблеми”, рече Харис.

Портпаролката на СЗО одби да го коментира одложувањето на вакцините во Европската унија, велејќи дека нема конкретни податоци и истакна дека приоритет е вакцинирање на здравствените работници во сите земји во првите 100 дена од годината, пренесува Ројтерс.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!