ФОТО: Прогласена за најубава жена на светот, а не ни знаела дека се натпреварува

Девојката Хаел Шелбија од Израел неодамна беше прогласена за најубава жена на светот, а таа вели дека дури и не знаела дека се наоѓа на листата на учесници на некое натпреварување за убавина.

Шелбија (19) го зема првото место на списокот на „100 најубави лица на годината“ составена од „ТЦ Канлер“.

“Бев многу изненадена. Не знаев како да се натпреварувам во тој избор”, рече тинејџерката во интервју за “Сан”, додавајќи дека не знае зошто ја избрале, дека убавината е индивидуална работа и дека сите жени се убави.

Синооката тинејџерка пораснала во големо еврејско семејство во северен Израел и се пресели во Тел Авив за да ги оствари своите соништа. Таа рече дека оттогаш стекнала над 200.000 нови следбеници на Инстаграм кои можат да ги гледаат нејзините моделирање и секојдневни активности секој ден.

“За мене е голема чест да и служам на својата земја. Имам голема одговорност како израелски војник и јавна личност. За мене е многу важно да се обидам да ги комбинирам работата и задоволството”, објасни Шелбија.

Како модел учествувала во кампањите на Ким Кардашијан и Кајли Џенер.

Претходно, таа потврди дека се забавува со Брендон Корф (36). внукот на покојниот милијардер Самер Редстон.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!