понеделник, 26 јули, 2021

ВНИМАВАЈТЕ, ова може да ви се случи и на вас: ПЕШАЦИ СКОКААТ ПРЕД ВОЗИЛА и изнудуваат пари

Полицијата има информација дека во Скопје има т.н. сообраќајни измамници, но засега не успеале на дело да ги фатат сторителите. Неофицијално, досега се регистрирани тројца мажи на возраст од 35 до 55 години во Скопје и во Струмица како „оперираат“ на терен, но засега законот не им може ништо. Не се знае ни колку пари од жртвите имаат земено досега.

Двајца скопјани „оперираат“ на пешачкиот премин кај Црвениот крст односно кај објектот на МАНУ, додека пак, струмичанец на пешачкиот премин спроти Т.Ц. „Глобал“. Според соговорник-таксист од Скопје, жртва на оваа измама, само тој останал покус за 3.000 денари за да се спаси од проблеми со законот.

Струмичкиот „кинески“ измамник досега имал, како што дознаваме, неколку успешни измами, а две му биле неуспешни. Последната се случила вчера, кога намерно се фрлил пред автомобил и барал пари од возачот за наводна повреда на неговите гради.

Откако возачот одбил да му ја даде сумата која ја бара, наводно повредениот пешак повикал полиција и пред нив почнал да глуми дека е многу повреден и бара итен преглед во болница. Но, при прегледот не се констатирани повреди, по што полицијата му дозволила на пешакот да си замине дома без никакви законски последици.

Извор: slobodenpecat.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!